Педесет и осумгодишниот тетовец Н.М., ноќеска во 1 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека вечерта околу 21 часот во семејниот дом физички бил нападнат од неговиот 31-годишен син, кој имал здравствени проблеми, а кој подоцна бил пренесен во тетовската Клиничка болница, извести СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот.