Вчера во 01.30 часот во СВР Скопје, 29-годишен маж од Скопје пријавил дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 28–годишна сопруга од Скопје, која употребила и тврд предмет, извести МВР.
По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.