Седумнаесетгодишен тинејџер бил нападнат од неколку машки лица, синоќа, во околината на Транспортниот центар, на подрачјето на општина Аеродром.
Случајот во полицијата го пријавила мајката на момчето.
Според информациите од МВР, момчето се познавало со едниот од напаѓачите, кој и претходно му упатувал закани.
За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.