Се преврте кајак во Охридското езеро, две малолетни лица спасени со полициски чамец

ohridsko-ezero-meteo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 09.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица, извести СВР Охрид.


По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од плажата, забележани се двете малолетни лица кои на себе имаа појаси за спасување. Тие со полицискиот чамец се префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош, соопшти СВР Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK