ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, А.В.(33) и И.С.(37), двајцата од Пробиштип.
Тие се сомничат за сторени повеќе кривични дела „измама“.
Имено, во текот на јануари и февруари оваа година, се јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени.
На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари.