Се јавувале по мобилни телефони и лажно нуделе поевтини градежни материјали: кривична за три лица

bddk_kapak.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, А.В.(33) и И.С.(37), двајцата од Пробиштип.


Тие се сомничат за сторени повеќе кривични дела „измама“.

Имено, во текот на јануари и февруари оваа година, се јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени.

На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK