Санкционирани се 588 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената на вчерашната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија спроведена од Министерството за внатрешни работи
-Од санкционираните, 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, четири возила се движеле со над 70 километри на час, 286 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 302 надвор од населено место, пишува во соопштението од МВР.
МВР известија дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.