Санкционирани 52 возачи на мотоцикли

моторцикл
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, во периодот од 11.00 до 18.00 часот, во спроведена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, биле санкционирани 52 возачи.

– Од нив, 21 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 19 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава и друго, известуваат од полицијата.


За време на контролата санкционирани се и 203 други видови на сообраќајни прекршоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK