На територијата на СВР Битола вчера во периодот од 17:00 до 23:00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 40 возачи.
Од нив, како што соопшти денеска полицијата, триесет возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, осум возеле без возачка дозвола… За време на контролата санкционирани се и други видови на сообраќајни прекршоци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираа од МВР.