МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата биле санкционирани 396 возачи за брзо возење.
– Од нив четири возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 182 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 214 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од полицијата.