Во рамки на сообраќајно-контролните активности во полошко подрачје, вчера биле санкционирани 32 мотоциклисти.
– При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 32 прекршоци (ТЕ-25 и ГВ-7). Најголемиот број од прекршоците (ТЕ-13 и ГВ-4) се однесувале на некористење на заштитни шлемови, 10 мотоциклисти (ТЕ-8 и ГВ-2) не поседувале возачки дозволи, а 5 (ТЕ-4 и ГВ-1) имале истечена осигурителна полиса, известуваат од МВР.
На сите им биле изготвени законски предвидените поднесоци и тие, како што велат од полицијата, ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на прекршокот, се движат од 50 до 250 евра во денарска противвредност.