Санкционирани 227 возачи во Скопје, од кои 49 возачи на мотоцикл

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 227 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 49 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што соопшти МВР, изречени се и 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила.



-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK