На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 204 мерки. Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
– Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…, информира денеска Министерството за внатрешни работи.