Во периодот од 14 до 20 часот вчера на територијата на СВР Битола, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 103 возачи, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од нив, 63 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 40 надвор од населено место.
– На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, нагласуваат од МВР, апелирајќи граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.