Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец Е.Б..
Тој се сомничи дека реемитувал телевизиски канали без потребната лиценца и дека неговите услуги, според досега утврденото, ги користеле 2800 клиенти кои плаќале по 100 евра годишно.
Во деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутери, два рисивери и три мобилни телефони.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни пријави.