Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода поднесе кривична пријава против З.Т.(45) од општина Илинден поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „тешка кражба“.
По преземени мерки и извршено вештачење, како што соопштија МВР, било констатирано дека тој со употреба на сила влегол во куќа на подрачјето на Кисела Вода и одзел предмети. Лицето било лишено од слобода и со него бил извршен службен разговор.