Расчистена тешка кражба на дрзок начин во Битола, следува соодветна пријава

mvr_768687676
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 05.08.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.А.(43) од Битола, а на службен разговор го повикале неговиот малолетен син. Имено, околу 09.20 часот на ул.„Мирка Гинова” во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од А.И.(70) од Битола, а тој се сомничи дека го поттикнал да го изврши делото. Набргу, по преземени мерки тие биле пронајдени и со нив бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Битола. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK