Дваесет и деветгодишниот Р.Н., од гостиварски Стар Балин Дол бил хоспитализиран со тешки повреди во текот на вчерашниот ден.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на новиот магистрален пат Гостивар – Кичево од „Коридор 8“.
„Во врска со настанот, од слобода бил лишен А.М.(31) од Република Турција со привремен престој во Гостивар. Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото и за настанот бил запознаен трудов инспектор“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.