Пронајдено 86-годишното лице по кое се трагаше

policisko-kombe.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 13.04.2024 во 12.50 часот полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје го пронашле Н.С.(86) од Скопје, кој претходно бил пријавен од негов пријател дека не стигнал на договорена средба во Велес.


По преземени мерки и активности, по насоки на јавен обвинител, тој бил пронајден во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром, а поради нарушена здравствена состојба бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK