Пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна во ресенско

lenta-policiska-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Ресен, 34-годишниот П.П. од Ресен пријавил дека во атар на село Златари, ресенско, била пронајдена експлозивна направа, извести МВР.


Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана граната калибар 62мм од Првата светска војна, соопшти МВР.

Извршен бил увид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK