Вчера во 01.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 53-годишниот Д.К. од село Иловица, струмичко, извести МВР.
– При преглед на патничко возило „пежо“, кое го управувал биле пронајдени и одземени 297 штеки разновидни цигари. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.