Приведено лице од радовишко, предизвикал пожари во Радовиш

Приведено-лице-од-радовишко-предизвикал-пожари-во-Радовиш.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 11.15 часот Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода 52-годишниот С.Р. од село Али Коч, радовишко, извести МВР.


– Тој се сомничи дека на 18.09.2023 предизвикал пожар на место викано „Градска корија“ во Радовиш, при што била опожарена шума и насади со тутун. С.Р. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото, соопшти МВР.

Исто така, тој признал дека на 31.07.2023 и 01.08.2023, на место викано „Градска депонија” во Радовиш, предизвикал пожар во кој била зафатена сушница за тутун со низи, а постоела опасност од опожарување на куќа, додаваат од МВР.

По целосно документирање на случаите, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK