Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 13:00 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, го лишиле од слобода 60-годишниот В.П. од кичевско Тајмиште.
Како што соопшти МВР, тој со товарно моторно возило „фап“ со охридски регистарски ознаки превезувал огревни дрва без потребните документи.
-В.П. е задржан за документирање на случајот, додека возилото со потврда му е одземено за натамошна постапка и ќе следува соодветна пријава, се наведува во соопштението.