Приведено едно лице, претрес во Скопје, пронајдени оружје и муниција

priveden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода А.П.(35) од Скопје.

При претрес во негови простории на две локации во Скопје, извршен со судска наредба, информираа од МВР, биле пронајдени и одземени муниција, автоматски пиштол „Шкорпион“, пиштол непозната марка и калибар и две ловечки пушки.


Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK