Денеска од страна од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички истраги при ОВР Прилеп проширена е истрагата во врска со кривичното дело “предизвикување општа опасност” на семејна веселба во с.Дебреште.
Идентификувани се повеќе лица кои пукале со оружје на веселбата и за сите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Двајца од нив се полициски службеници: Н.И.(28) и Е.И.( 28) од ОВР Прилеп, а двајца се професионални војници Б.Х.(26) и И.Р.(23), додека останатите се жители од с.Дебреште и с.Саждево, крушевско.
Извршени се седум претреси, при што одземено е разновидно оружје кое е употребено за извршување на кривичното дело.
Во врска со овој настан вчера (27.08.2023) беше приведен и командирот на ПО Ропотово Е.Р. и на истиот од страна на судија на претходна постапка одреден му е куќен притвор во траење од осум дена.
Исто како и за Е.Р., и за полициските службеници Н.И.(28) и Е.И.( 28) постапува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и за нив ќе биде поведена дисциплинска постапка и поднесен соодветен поднесок до ОЈО, информира полицијата.