На 28.10.2023 во 21.15 часот на подрачје на Драчево, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево лишиле од слобода пет малолетници од Скопје, информира МВР.
„Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, а кај еден од нив бил пронајден и одземен нож. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од министерството за внатрешни работи.