Приведени крадци во Велес, расчистени пет кривични дела „тешка кражба“

Приведен-криминалец-од-радовишко-осуден-на-казна-затвор-од-осум.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Велес, полициски службеници од Полициска станица Велес и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и Џ.Н.(31), двајцата од Велес.


Тие биле барани по централен распис од СВР Велес и се сомничат дека на подрачјето на СВР Велес извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“. Е.Ј. и Џ.Н. се задржани во полициска станица, со нив се извршени службени разговори, при што признале пет дела „тешка кражба“ кои ги извршиле во куќи и правни лица. Од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Велес на Е.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

Исто така, по преземени мерки било утврдено дека Џ.Н. бил баран за издржување затворска казна и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK