Вчера попладне во 14.00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги привеле 51-годишниот Г.Н. и 45-годишниот Л.Н., двајцата од Кичево, соопшти МВР.
– Тие биле затекнати при кражба во продажен објект во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, извести МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.