–>

Претрес во виничко, пронајдени дрога и оружје

Претрес-во-виничко-пронајдени-дрога-и-оружје.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 10.55 часот на Јакимовски пат во Виница, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница го лишиле од слобода 27-годишниот Д.Ѓ. од село Јакимово, виничко, извести МВР.

– При претрес кај него и во неговото патничко возило „фолксвгаен пасат“ без регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, дробилка и воздушна пушка. Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во с.Јакимово, при што биле пронајдени и одземени пиштол и предмети со остатоци од прашкаста материја, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK