Вчера во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода 45-годишниот А.А. и 23-годишниот Ш.Н., двајцата од Штип, извести МВР.
„Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип од каде се обиделе да одземат повеќе предмети. Лицата биле задржани во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот“, соопшти МВР.
По целосно комплетирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.