Полициски службеници од ОВР Ресен вчера во 18:15 часот ги лишиле од слобода Е.Ј.(27), Р.Р.(30) и Н.А.(26), сите од Ресен.
Како што информираа денеска МВР, тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во фабрика на ул.„Димитар Влахов“ во Ресен, при што одзеле повеќе предмети, а притоа, биле вратени на сопственикот.
-Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.