Приведени две лица во велешко, полицијата одзела оружје и муниција

Приведени-две-лица-во-велешко-полицијата-одзела-оружје-и-муниција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 07.00 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.С.(50) од с.Бузалково.



При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени револвер, 51 патрони за ловечка пушка, гасен пиштол и рамка за гасен пиштол.

Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.09.2023 во 07.10 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.Ј.(23) од с.Бузалково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена рамка за автоматска пушка. Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK