Вчера во 14.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 35-годишниот Г.Н. и 42-годишниот Д.Д., двајцата од Куманово, извести МВР.
– Тие се сомничат дека на улицата „Тане Георгиев“ во Куманово со тврд предмет го нападнале Д.П.(29) од Куманово и му одзеле мобилен телефон, соопшти МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.