Приведени двајца од Тетовско, кај нив се пронајдени две ловечки пушки и 9 куршуми

Приведени-двајца-од-Тетовско-кај-нив-се-пронајдени-две-ловечки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчеравечер околу 21.00 часот, во тетовско Радиовце, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 34-годишниот В.П. и 42-годишниот Н.Г. од ова село, извести МВР.


– При преглед на патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, во возилото биле пронајдени две ловечки пушки и вкупно 9 куршуми. За една од пушките, В.П. не ги поседувал потребните документи, соопшти МВР.

Двајцата се задржани во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK