Приведени двајца крадци во Струмица, кај нив пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.Р.(21) од Радовиш и Т.Ј.(18) од Штип. Кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени во септември од лица од струмичко, извести МВР.



– Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK