Приведени двајца дилери на кокаин во Струмица, поднесена кривична пријава, изведени пред надлежен суд

Приведени-двајца-дилери-на-кокаин-во-Струмица-поднесена-кривична-пријава.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 30-годишниот Р.Р. од село Трпејца, општина Охрид и 39-годишниот Г.А. од Радовиш, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, по член 215 од Кривичниот закон, извести МВР.


„На 15.01.2024 година во 23.50 часот во дворно место на хотел во Струмица од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил извршен преглед над осомничените, при што кај Р.Р. биле пронајдени две, а кај Г.А. едно ќесе со кокаин. Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, соопшти МВР.

Денеска полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во домот во кој престојува Р.Р. во Радовиш, при што била пронајдена дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, додаваат од МВР.

Лицата се изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK