Приведени дрвокрадци во Сирково

Барал-да-му-го-наполни-камионот-со-гориво-за-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 19.30 часот во атар на село Сирково, општина Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ.(58), Д.П.(60), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ.(65) од Кавадарци.


При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг.

Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK