Приведени 16 странски државјанки во угостителски објекти во Гостиварско

mvr_768687676
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Приведени се 16 странски државјанки при контрола на угостителски објекти во гостиварските села Врапчиште и Неготино.

Како што соопштија денеска од МВР, вчера, од 1.20 до 2.45 часот, полицијата извршила контрола во угостителски објекти во Гостиварско, сопственост на Ф.Б. и С.Т..


Меѓу странските државјанки седум биле од Албанија, три од Косово, една од Србија и пет од Украина кои, како што се наацедува, престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле туристичкиот престој.

Лицата биле приведени во ОВР Гостивар и против нив се поднесени барања за поведување прекршочна постапка по Закон за странци, а од страна на судот им се изречени парични казни и прекршочни санкции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK