Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 23 часот го привеле 64-годишниот тетовец Х.Ј.
Еден час пред тоа тој бил пријавен од неговата 58—годишна сопруга дека во семејниот дом се однесувал агресивно кон неа и ја оштетувал покуќнината.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.