Денеска во 16.00 часот од страна на патролен тим од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при РЦ Југ, на наплатна станица Смоквица лишен е од слобода 28-годишниот М.С. од Република Србија, извести МВР.
– При контрола на патничко возило „форд мондео“ со српска национална ознака, кое го управувал, пронајдени се седум лица мигранти од Сирија, соопшти МВР.
М.С. е приведен во полициска станица, за случајот е известен јавен обвинител и по негово комплетно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.