Приведен скопјанец во обид да изврши разбојништво во обложувалница во Волково


PRIVEDEN -LISICI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје денеска во Скопје го лишија од слобода П.Ј. (32) од Скопје поради основи на сомнение дека денеска околу 9 часот се обидел да изврши разбојништво во спортска обложувалница во село Волково, скопско.

Како што информираат од МВР, кај П.Ј. е пронајден пластичен пиштол и облеката што ја користел при вршење на кривичното дело. П.Ј. се сомничи и за други извршени разбојништва на подрачјето на Скопје. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со надлежен јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK