Приведен разбојник во Скопје, ограбил аптека во Кисела Вода

Скопјанец-ограби-аптека-во-Аеродром-полицијата-го-фати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 20 часот во Скопје, во близина на трговски центар на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода 35-годишниот А.С. од скопско поради основи на сомнение дека околу 19.19 часот во аптека на подрачје на Кисела Вода, со закана одзел пари, извести МВР.


„При прегледот кај него, биле пронајдени и одземени пари и пиштол за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело“, велат од МВР.

А.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK