Приведен разбојник во Кавадарци

priveden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Кавадарци вчера во 11 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Кавадарци, осомничен дека претходно физички нападнал жена од Кавадарци и ѝ одзел паричник.

Тој, како што информираа денеска од МВР,исто така, бил пријавен дека на 30.05.2023 се оддалечил од Мал групен дом при Центарот за социјални работи Кавадарци, чиј штитеник е.


Малолетникот бил предаден на социјален работник од Центар за социјални работи Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK