Приведен разбојник од Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци

lisici-apsenje-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во 10.30 часот на ул.„Аврам Писевски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(31) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Бит Пазар, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK