Приведен пензионер кој сопрел малолетничка и ја канел во ресторан, кога го одбила и’ рекол дека пак ќе ја бара

Измамена-тетовчанка-платила-да-и-изработат-мебел-за-нејзиниот-дом.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата синоќа го приведе М.П.(72) од Демир Капија.


Според пријавеното од татко на малолетничка во овој град,  девојчето било запрено од пензионерот кој и’ упатувал прашања и понуда за во ресторан, а откако бил одбиен, и’ рекол дека повторно ќе ја бара, од што таа се вознемирила и исплашила.

„Извршен бил разговор со малолетничката во присуство на родителот и преставник од Центарот за социјални работи Неготино“, велат од полицијата.

М.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK