Приведен кумановец поради предизвикување пожар

pozari-veles-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 19.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 56-годишниот П.Ј. од Куманово поради сомнение дека на своја нива во село Никуљане, кумановско, запалил стрниште, по што пожарот се проширил и зафатил сува трева надвор од неговиот имот, извести МВР.


„Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат. Екипа од СВР Куманово извршила увид и по целосно документирање на случајот, против П.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK