Приведен криумчар, пронајдени 28 мигранти од Сирија

migranti-696x411.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 19 часот на автопатот А1, на наплатна рампа „Демир Капија“ во правец Гевгелија-Скопје, полицијата го приведе Р.К.(32) од Струмица.


Во товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со кочански регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 28 лица мигранти од Сирија кои ги превезувал.

За настанот е известен Јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Центар за странци Гази Баба Скопје и ПТЦ Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка.

Р.К. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK