Денеска околу 17.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода 50-годишниот Р.А. од Скопје, извести МВР.
– Лицето било забележано како во товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти. Набргу, возилото било запрено и во него биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија, соопшти МВР.
Р.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.