Денеска во 15.20 часот на Граничен премин Богородица, на влез во Република Северна Македонија се пријавил К.Г.П. (36) од Полска, кој при контролата приложил фалсификувана полска лична карта.
Направени се дополнителни проверки преку Секторот за меѓународна полициска соработка, при што е утврдено дека лицето е предмет на меѓународна потрага од страна на Интерпол Варшава.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава против лицето за сторено кривично дело фалсификување исправа.