Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од две ипол години

lisici-apsenje-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(26) од Куманово.


Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. С.А. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK